Калкулатор на историја на пушење

Кутии-години историја е еден начин да се дознае колку некој пушел во текот на животот.

Кога Националната програма за скрининг за рак на белите дробови ќе почне од 1 јули 2025 година, вие ќе треба да ја знаете вашата кутии-години историја на пушење. Вашата кутии-години историја може да ја пресметате на подолу наведениот начин.

Ние сме заинтересирани за вашето учество во ова истражување без оглед на вашата кутии-години историја.

Овој калкулатор ви помага да ја пресметате вашата кутии-години историја, собирајќи го бројот на години на пушење со просечниот број на цигари што сте ги испушиле.

Пресметувањето на вашата кутии-години историја може да биде тешко, бидејќи можеби не сте пушеле некој период или сте пушеле повеќе или помалку во различни периоди на вашиот живот.

Еве неколку примери

Џон почнал да пуши на дваесетина години, но престанал кога наполнил 30.

Меѓутоа, Џон почнал пак да пуши на 35 години.

Џон сега има 51 година.

Џон пушел 10 години + 16 години = 26 години.

Тој мисли дека во просек веројатно пушел 25 цигари дневно во текот на тој период (малку повеќе од една кутија дневно).

Со користење на калкулаторот, неговата кутии-години историја е 32,5 кутии-години, што значи дека ги исполнува условите за снимање на белите дробови.

Трејси почнала да пуши на 15 години.

Таа пушела следните 12 години додека не затруднела на 27 години.

Родила три деца и пак почнала да пуши на 35 години. Сега пуши една кутија цигари дневно (20 цигари).

Трејси сега има 58 години.

Трејси пушела 12 години + 23 години = 35 години.

Со користење на калкулаторот, нејзината кутии-години историја е 35 години, што значи дека ги исполнува условите за снимање на белите дробови.

To top