За ракот на белите дробови

Што е рак на белите дробови?

Рак на белите дробови настанува кога клетки на белите дробови неконтролирано растат и се размножуваат.

Тоа растење создава маса наречена тумор, која може да се прошири на здравото ткиво на белите дробови и да влијае на дишењето, предизвикувајќи болки и други симптоми поврзани со губењето на нормално функционирање на белите дробови.

Ако не се лекуваат, овие абнормални клетки може да се прошират на други делови на телото.

Колку е проширен ракот на белите дробови во Австралија

Ракот на белите дробови е причина бр.1 за смрт од рак во Австралија.

Тоа е затоа што ракот на белите дробови често се открива во доцна фаза кога е потешко да се лекува.

Секоја година рак на белите дробови се дијагностицира кај околу 14.500 Австралијани.

Просечна старост при поставувањето на дијагноза е 72 години.

Кој може да добие рак на белите дробови?

Има многу причини поврзани со ракот на белите дробови.

Најдобро познат фактор на ризик е пушењето цигари.

Се проценува дека во Австралија пушењето тутун е причина за околу 85% од случаите на рак на белите дробови кај мажите и 70% кај жените.

Колку порано некој почнува да пуши, колку подолго пуши и колку повеќе цигари пуши, толку е поголем ризикот да добие рак на белите дробови.

Рак на белите дробови може да добијат и луѓе кои никогаш не пушеле.

Околу 15% од случаите на рак на белите дробови се кај мажи кои никогаш не пушеле и кај околу 30% случаи кај жени кои никогаш не пушеле.

Зошто е важно ракот на белите дробови да биде откриен рано?

Скринингот е важен затоа што помага рак да се открие рано, кога лекувањето дава подобри шанси за успех.

Како помага снимањето за рак?

За луѓето со зголемен ризик се препорачува редовно снимање на белите дробови секои две години.

Австралиската влада најави финансирање на насочена програма за снимање за рак на белите дробови, чија цел е да се спречат смртни случаи од рак на белите дробови.

Програмата почнува на 1 јули 2025 година.

Вие можеби ги исполнувате условите за снимање ако сте пушеле – Дознајте повеќе

Зошто треба да имам снимање?

Дознајте повеќе за National Lung Cancer Screening Program (Националната програма на снимање за рак на белите дробови)

За да дознаете повеќе за ракот на белите дробови видете Рак на белите дробови – симптоми, причини, лекување и спречување | healthdirect

To top