Како се врши снимањето?

Снимањето за рак на белите дробови се прави со компјутерско томографско скенирање (ЦТ) со ниска доза.

Тоа е исто како нормално ЦТ снимање, но со користење на пониска доза на зрачење.

ЦТ скенирањето со ниска доза е безбедно.

За да имате снимање, вашиот семеен доктор (GP) или друг специјалист треба да ви даде образец-барање за снимање, ако ги исполнувате условите за снимање.

Вие закажувате термин и го давате тој образец во службата за снимање (radiology imaging service).

Не треба да правите ништо друго пред снимањето.

Може да ја носите вашата нормална облека.

Ќе нема игли или инјекции, или земање кој било вид на лекови.

Рендгенолошкиот техничар ќе ви даде упатства да го симнете накитот и ако сте загрижени доколку имате пејсмејкер.

За време на скенирањето, треба да лежите со рацете кренати над главата.

За да направи снимки на вашите бели дробови, рендгенологот користи ЦТ машина во облик на ѓеврек.

Машината е отворена, па мнозинството луѓе не чувствуваат клаустрофобија или немаат чувство дека се во „внатрешност“ на машина за снимање.

Вие ќе немате снимање како дел од ова истражување.

Ако сакате да дознаете повеќе за снимањето за рак на белите дробови, може да видите на официјалната веб-страница на Австралиската влада.

To top