Зошто треба да имам снимање

Важно е ракот на белите дробови да се открие рано

Снимањето за рак на белите дробови спасува животи преку рано откривање на тумори и рано дијагностицирање на рак.

Поставувањето дијагноза порано води до подобро лекување, повисока стапка на преживување и подобрен квалитет на живот.

Раното откривање на рак може да ја намали стапката на смртност од рак за 20% и да спречи 500 смртни случаи годишно во Австралија.

Учествувајќи во снимањето за рак на белите дробови, си давате најдобра шанса за поздрава иднина.

https://www.health.gov.au/our-work/nlcsp

Снимањето за рак на белите дробови ќе биде бесплатно

Националната програма на снимање за рак на белите дробови нуди снимање секои две години на луѓе на возраст од 50 до 70 години, со историја на пушење од 30 кутии-години.

Цената на снимањето ја покрива Medicare.

Може да треба да се плати за барањето упат за ЦТ снимање (CT scan) од вашиот семеен доктор (GP).

Тука може да ја пресметате вашата историја на пушење.

Раното откривање на рак на белите дробови води до поголем избор на лекувања

Кај луѓето кај кои ракот на белите дробови е откриен со снимање е поверојатно ракот да биде откриен во порана фаза.

Тоа значи дека тие имаат поголем избор на лекувања и може да значи третманот да е покус и полесно да се поднесува.

Стапката на преживување е многу подобра одошто кај рак на белите дробови во подоцнешна фаза, кога веќе се појавиле симптоми.

Спокојство

Многумина велат дека снимањето за рак ги смирува дека немаат рак.

Од секои 100 луѓе кои имаат снимање на белите дробови, кај само 2-3 се открива рак на белите дробови.

Огромно мнозинство луѓе кои имаат снимање за рак на белите дробови ќе добијат резултат „чисто“ или „многу низок ризик“ и ќе се чувствуваат успокоени.

Што ако не ги исполнувам условите за снимање за рак на белите дробови?

Снимањето за рак на белите дробови не е за секого.

Снимањето за рак на белите дробови им користи само на луѓето кои имаат најголеми шанси да добијат рак на белите дробови.

Мал број сегашни и поранешни пушачи ќе ги исполнуваат условите за снимање за рак на белите дробови, но мнозинството нема.

Ако сега пушите, вашето исполнување на услови може да се промени со текот на времето и се препорачува да ја проверувате вашата години-кутии историја секоја година и да разговарате со вашиот семеен доктор (GP).

Ако не пушите сега и не ги исполнувате условите за снимање, вашиот ризик да добиете рак на белите дробови е многу мал.

Ако имате белодробни проблеми, како што се отежнато дишење или кашлање, кои би сакале да ги проверите, отидете кај вашиот семеен доктор (GP).

Кои се можните штетни последици од снимањето за рак на белите дробови?

За снимањето за рак на белите дробови е потребна изложеност на мало количество на зрачење

Снимањето на белите дробови се прави со ниска доза на скенирање за компјутерска томографија (ЦТ), што користи мало количество на зрачење.

Некои луѓе може да се плашат или да се загрижени поради снимањето за рак на белите дробови

Снимањето за кој било вид на рак може да ве направи исплашени или загрижени.

Тоа е сосема нормално.

Може да се чувствувате загрижени околу снимањето за рак на белите дробови ако ви било речено дека вашиот ризик е висок.

Запомнете дека рак на белите дробови се открива кај само две или три лица на секои 100 снимања.

За некои луѓе снимањето за рак на белите дробови може да е тешко

Може да ви биде потешко да најдете време за снимање, особено ако треба да патувате, да земете отсуство од работа или да организирате помош од други ако сте негувател.

Наоѓањето време за снимање може да ви заштеди многу време во иднина, бидејќи раното откривање на рак се поврзува со покусо времетраење на лекувањето.

Ако сакате да дознаете повеќе за снимањето за рак на белите дробови, може да видите на официјалната веб-страница на Австралиската влада.

To top